ИЗВЕСТУВАЊЕ

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги известува сите невработени лица дека од 15 септември 2020 година продолжува со редовното пријавување на секои 30 дена (за активните баратели на работа) односно на секои 6 месеци (за другите лица кои бараат работа).

Секое невработено лице кое има оставено контакт телефонски број веќе е известено по смс порака за точниот датум кога треба да се пријави во надлежниот центар за вработување или дисперзирана канцеларија, од причина што од 15.09.2020 година повторно е ставен во функција системот за распределување на термини за редовно пријавување, согласно законските рокови за пријавување на 30 дена односно 6 месеци. Сите невработени лица кои се пријавуваа во периодот кога беше запрено редовното приојавување, ги замолуваме да го почитуваат терминот наведен во смс пораката, кој што е системски изгенериран.

Невработените лица кои немаат оставено точен контакт телефонски број и кои немаат добиено смс порака, потребно е да се пријават во наредните 30 дена.

Воедно напоменуваме дека при пријавувањето задолжително треба да се почитуваат препораките на Министерството за здравство за спречување на ширење на вирусот КОВИД 19, односно задолжително носење заштитни маски и одржување соодветна дистанца од другите лица.

Локациите за дисперзираните канцеларии на Центарот за вработување на град Скопје можете да ги превземете тука



ОПЕРАТИВЕН ПЛАН
за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година
#ШансаЗаСите

БРОШУРА МКД


PLANI OPERATIV
për programe dhe masa aktive për punësimedhe shërbime në tregun e punës për vitin 2019
#ShansPërTëGjithë

BROSHURA SHQIP

________________________________________________________________________________________________

Почитувани,

Ве известуваме дека Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата е објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 198 од 31.10.2018 година.

Сите заинтересирани лица можат да поднесат лично барање до надлежните центри за вработување каде што се евидентирани.

Рокот за поднесување на барањата е до 31.12.2018 година.

Напоменуваме дека при поднесување на барањето, заинтересираните лица треба да поднесат единствено лична карта на увид, без дополнителна документација. Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе ги прибави сите потребни документи по службена должност од надлежните институции.

За сите подетални информации можете да се обратите во надлежните Центри за вработување или на телефонските броеви објавени на нашата веб-страна www.avrm.gov.mk 

Со почит

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

__________________________________________________________________________________